АКЦИИ И ПРОМОЦИИ

ЗА НАС

Почетоците на нашата фирма датираат од 1993 година со регистрација на фирмата и малопродажба на авто делови. Со ширење на пазарот и бизнис активностите кои ги диктираат побарувањата, ние склучивме партнерството со светски познатиот бренд SONAX од Германија. Партнерството со SONAX, потрошувачите и бизнис партнерите кои го употребуваат ни ја трасираа патеката по која продолживме. АТОМЕМ за сите производи е увозник, ексклузивен или овластен дистрибутер. Со време АТОМЕМ се надгради со технолошки комплетна понуда на напредни производи со врвен квалитет и стандарди за еколошка безбедност на човечкото здравје и заштита на природната средина, вклучувајќи ја супериорната визуелна препознатливост на продажното место, како и потполна задоволеност на нашите клиенти и соработници, а со наша асистенција, максимално залагање и професионалност.

ФАКТОРИ ЗА УСПЕХ

Изградивме успешен систем на работење со вложувања во унапредувањето на дитрибутерската мрежа, човечките потенцијали и информативните системи. Во почетокот продажните активности беа насочени кон голем број на помали клиенти, специјализирани продавници на мало, сервиси за одржување и авто перални, за понатаму да ја насочиме дистрибуцијата кон задоволување на потребите на големи клиенти, големопродажба на авто делови и авто козметика, супермаркети, хипермаркети и синџири на бензински пумпи. За да се здобие високата положба на пазарот, неопходна е довербата на купувачите и тоа пред се врз основа на континуитет во снабдувањето, големиот асортиман и потребните количества на производи.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА

АТОМЕМ на своите клиенти им обезбедува снабдување од магацинот со брзи испораки од асортиманот на повеќе атрактивни артикли секогаш достапни во потребни количини и побарувања на крајните потрошувачи согласно сезонската побарувачка. Денес, ние сме мала мобилна и флексибилна фирма со над 2000 клиенти од Република Македонија и другите земји, на која предизвиците не и се непознати, а искуството стекнато низ работа и подготвеноста за нови предизвици се одговор на потребите на пазарот. Со понуда која секоја сезона се зголемува и голем магацински простор, АТОМЕМ ја потврдува својата висока позиција на пазарот во сегментот на дистрибуција на автокозметика.

ПРОФЕСИОНАЛЕН ТИМ

Нашиот тим од обучени и искусни професионалци внимателно ги одработува порачките потребите и побарувањата на клиентите и води сметка испораките да бидат направени во најкус можен рок под најповолни услови. Соработката со клиентите подразбира многу повеќе од испорачување на пратката. Потребно е да се нагласи дека секој производ се испорачува во атрактивно дизајнирано, оригинално и безбедно пакување, со упатство за употреба. Во испораката е вклучена испорака на одредено количество на бесплатен материјал за изложување на артиклите и промотивен материјал. Нашиот професионален и квалификуван персонал на клиентот му помага да постигне максимален ефект преку поставување на артиклите на продажното место, како и со навремено информирање за промотивните и други активности со цел зголемување на продажбата.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да станеме најуспешната фирма во Република Македонија за дистрибуција на средства за заштита и одржување на автомобилите, автомобилска опрема и услуги.

stranicni-sonax-shop

sonax-opsh

gumex

praxis-opsh

НАЈНОВИ ВЕСТИ

  • versaco
  • superhelp
  • philips
  • falcon
  • bell
  • praxis
  • sonax
  • aroma